Кубрат Пулев на јавен тренинг пред борбата со Фјури (ВИДЕО)

Кубрат Пулев (25-1, 13 КО) во сабота се бори со Хју Фјури (21-1, 11 КО) во Софија за задолжителен предизвикувач на ИБФ шампионот Ентони Џошуи.

37-годишниот Бугарин веќе требаше да се бори со Џошуа минатата година, но мораше да се откаже поради повредата на рамото. Го замени Карлос Такам. Во 2014-тата го предизвика светскиот шампион Владимир Кличко и загуби со нокаут во петата рунда.

Фјури, како и Бугаринот, веќе се бореше за светската титула во тешка категорија. Во септември минатата година во Манчестер загуби со мнозинска одлука од тогашниот шампион на ВБО, Џозеф Паркер.

Боксерите го одржаа јавниот тренинг во трговски центар во главниот град на Бугарија.

https://www.youtube.com/watch?time_continue=2&v=JOniHe0nQxU

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО