Менаџерот на Хабиб го исмеа Конор: Кукавичка душо, затниси ја устата! Без 100 милиони нема реванш!

Познатиот ММА менаџер кој се грижи за кариерата на Хабиб Нурмагомедов, Али Абделазиз, со нетрпение го чекаше обраќањето на јавноста на Конор Мек Грегор што се случи во вторникот. Ирецот во подолга објава се обиде да ги објасни причините за поразот на УФЦ 229 и потврди дека е подготвен да чека во редот за нова шанса против Нурмагомедов.

Но, Абделазиз нема премногу разбирање за „Озлогласениот“ и тврди: „Ти си голема кукавица“!

„Ова е мојот одговор на неговата кукавичка душа, на него и на негови сиромав тим кои сега бараат глупави изговори“, остро тргна Абделазиз за да продолжи:

“Само бог му дал милост на срцето на Хабиб и бог одлучи да му покаже на светот дека ти си всушност машина за тапкање. Па, она и не  беше гушење, она беше „neck crank“.

Со оглед на тоа што познатиот менаџер и самиот се занимава со граплинг одлучи да оди чекор понатаму и дополнително да го понижи Мек Грегор со лекција за одбрана од тој зафат.

„Исправната техника во овој момент е 2 на 1. Се обидуваш со девете раце да ја тргнеш раката на противникот и да го одбраниш вратот. А ти твоите две раце ги стави на подот. Раката ти тргна спрема главата само кога беше подготвен да тапкаш“, објаснува Абделазиз.

Хабиб Нурмагомедов веќе потврди дека во овој момент не е заинтересиран за реванш со Мек Грегор. Неговиот менаџер уште еднаш го потврди тоа во оваа објава. Навистина, исфрли астрономска цифра би ја барале во случај да дојде до реванш.

„Ако не можеш да ни обезбедиш 100 милиони, можеш да се бориш со некој друг, бидејќи твоето сиромашно газе нема да добие шанса за рвеанш. Оди некаде да отвориш продавница за алкохол и занимавај се со продажба на „жестоко“ по сето она што го кажа. Едноставно, го затниси ја устата и губи се“.

Целата подолга објава на Али Абделазиз прочитајте ја продолжение во неговата Инстаграм објава.

https://www.instagram.com/p/BpSjAXCF0yx/?utm_source=ig_embed

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО