Џо Роган: Мек Грегор нема да добие реванш против Хабиб

Познатиот ММА коментатор Џо Роган за евентуалниот реванш меч меѓу Конор Мек Грегор и Хабиб Нурмагомедов вели дека Ирецот нема да добие реванш. Тоган смета дека следниот кој ќе се бори со Хабиб е фантастичниот Тони Фергусон.

„Конор нема да добие реванш, а верувам дека Хабиб ќе се бори со Тони Фергусон. УФЦ не смееше да му ја одземе титулата на Тони. Човекот се повреди за време на прес-конференција, а шест месеци подоцна се врати и во спектакуларен меч го уништи Ентони Петис. Знам дека тој е следниот противник на Хабиб“, вели Роган.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО