Садулаев го тушираше Снајдер во големото финале на Светското првенство (ВИДЕО)

Големото финале во  историјата на борењето на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија, заврши за 1:12 секунди.

Толку време му требаше на Абдулрашид Садулаев (Русија) да го тушира Кајл Снајдер (САД). Садулаев брзо влезе во акција поведе со 2-0 и до крајот ја преточи во туш.

Ова е голем реванш на Русинот бидејќи на Светското првенство во 2017 година во Франција загуби од Снајдер 5-6. И двајцата се олимписки шампиони во различни категории, во 86 кг Садулаев и во 97 кг Снајдер.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО