Конор Мек Грегор проговори по поразот од Хабиб: Бев победен потполно чесно

Конър Макгрегър проговори след загубата от Хабиб: Бях победен напълно честно

Конор Мек Грегор конечно им се обрати на навивачите и љубителите на УФЦ за борбата со Хабиб Нурмагомедов и покажа спортска големина.

Најпопуларниот ММА борец во светот Конор Мек Грегор, доста време не ја коментираше борбата со Нурмагомедов.
Ирецот ниту еднаш не го нападна Дагестанецот или неговата екипа поради хаосот кој настана откако ја предаде борбата.

Навистина, за таквото однесување мора да се признае дека заслужува почит.

Ниту еднаш во јавноста не го обвини Дагестанецот за однесувањето по борбата или пак некој од неговиот тим, а сега конечно даде свое мислење за големата борба.

Конор се огласи преку својот Инстаграм профил.

„Моето мислење за борбата…Од аспект на правилата, тој ја доби првата рунда, но од аспект на тепање таа е моја! Противникот скоро цела рунда ме држеше за нога и практично ништо не направи, но затоа доби колено и лакт во глава, како и уште неколку удари. Во втората рунда ми бегаше во кафезот пред некако да ме погоди со десната рака што го промени текот на рундата. Беше тоа добар удар. Веднаш се вратив, но успеа да ме собори и да доминира. Лошо се припремив за оваа борба, а тоја направи се како што треба. Ако дојде до реванш, многу повеќе ќе внимавам на неговите удари, таа десна рака повеќе нема да ми биде закана“.

„Од тој аспект на борбата не покажав доволно респект, туку само на борењето. Тоа нема да се повтори. После најлошата рунда во мојата рунда се вратив и ја добив третата рунда. Но, не успеав да се опоравам за четвртата, повторно ме бутна и ме собори, имав добра позиција, но направив крупна грешка, го отворив вратот и тој ме победи чесно. Што кажам. Тоа беше голема борба и навистина уживав. Ќе се вратам со голема самодоверба. Подобро спремен. Ако веднаш нема реванш, нема проблем. Ќе се борам со следниот кој ќе ми застане на патот“, гласи објавата на Конор.

https://www.instagram.com/p/BpQwHF4g3re/?utm_source=ig_embed

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО