Повторно очи в очи: Федор и Мет Митрион (ВИДЕО)

Федор Емилијаненко и Мет Митрион повторно се гледаа очи в очи, откако им пропадна мечот и беше презакажан за Белатор 180, овој пат тоа беше на прес-конференција.

Тие требаше да се сретнат кон крајот на минатата година, но тогаш дуелот пропадна откако Митрион се соочи со тешка бубрежна криза.

Впрочем, нивната средба е пренасочена за јуни.

За Федор ова ќе биде деби меч во Белатор откако потпиша договор со оваа организација на крајот на минатата година.

Главниот настан на вечерта ќе биде средбата меѓу Каел Сонен и Вондерлеј Силва. Бразилецот не присуствуваше на прес-конференцијата, но се вклучи преку сателитска врска, притоа со сонен не престанаа да разменуваат реплики.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО