Каел Сонен кажа како почнало непријателството со Вондерлеј Силва

Каел Сонен конечно ќе влезе во кафезот против долгогодишниот непријател Вондерлеј Силва, а тоа ќе се случи на ППВ настанот Белатор 180 во јуни.

Американскиот гангстер гостуваше во шоуто на Ариел Хелвани и раскажа за корените на непријателството со бразилскиот ветеран.

„Со него и така не можеме да се разбереме … се сеќавам на првиот пат кога се видовме. Бевме во салата на Ренди Кутур. Тогаш правев спаринг без штитник за забите. Се подготвуваз за средбата со Пауло Филјо. Мислам дека тоа беше 2009 година. Тој влезе, а јас имав спаринг, без штитник за забите. Кога имаш спаринг, а немаш штитник за забите, тоа не е добра идеа. Кога си во нова сала и не ги познаваш момците таму и немаш гума за уста, не треба да правиш спаринг. Тогаш го видов Вондерлеј. Околу него имаше некаква аура, ако сакате така го наречете. Не знаев колку е добар неговиот англиски, затоа само се насмевнав широко и ја покажав устата. Тој рече океј. Направивме спаринг, така тој не упати удар спрема мене. Навистина, цело време се грижеше за мене, оставајќи ме да направам комбинациите. Дури ми даде неколку совети … помислив дека е одличен тип“.

„Се беше добро. Се подготвува за дуел со Андерсон Силва, а тогаш имавме нешто како прес-турнеја со Вондерлеј. Излеговме заедно, поминувајќи го заедно целиот ден. Тој имаше сопствен оператор со себе. Во еден момент одлучи дека треба да сними како ми вели да внимавам што зборувам. А, ако го правиш тоа во Бразил, можеш без заби да останеш.

„Знаете дека и јас имам его. Навистина го почитувам, но си го имам егото. Требаше да одговорам. Тој откачи или не знам што му стана, притоа си реков – океј, човече, ајде играм. Го почитувам тоа што завчера се грижеше за мене, но јас исто така сум борец“.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО