Поветкин: Поразот на Кличко беше заслужен, но во реваншот тој ќе победи

povetkin

Рускиот боксер Александар Поветкин го коментираше претстојниот реванш меч меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури на 7 мај.

 Поветкин за поразот на Кличко во ноември изјави дека е целосно заслужен, но предвиде дека Украинецот ќе победи во реваншот.

 „Го гледав мечот и видов многу грешки на Кличко. Сигурен сум дека тој и неговите тренери го воочиле истото. Верувам дека ќе ги направи потребните заклучоци и во реваншот ќе победи. Очекувам сосема поинаков натпревар од она што го гледавме минатата година“, изјави Поветкин.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО