Букмејкерите им даваат еднакви шанси на Кличко и Фјури во реваншот

Tajson lev direkt vo klicko

Светските букмејкерски куќи веќе почнаа да прифаќаат облози за претстојниот реванш меѓу Владимир Кличко и Тајсон Фјури. Се уште нема конечен договор за датумот и местото на вториот меч, но, и покрај тоа, интересот за средбата е огромен. Се очекува во наредните недели да биде потпишан договор за дуелот.

Американската куќа „Пинаколспортс“, која е позната по високите лимити, дава апсолутно еднакви шанси за победа. Коефициентот за успех и на двајцата боксери е фиксиран на 1.943. За споредба, на првата средба стапката на Фјури беше околу 5.00, а облози за Украинецот се примаа на коефициент од 1.15.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО