Поветкин не сака реванш со Кличко оваа година!

alexander-povetkin-face

Реванш меѓу Владимир Кличко и Русинот Александар Поветкин во супертешка боксерска категорија нема да има во 2015 година. Ова го соопшти за агенцијата ТАСС промоторот Андреј Рјабински.

 „Го почитуваме Кличко и ќе водиме преговори во случај на потреба. Но оваа година, на којбило начин нашите патишта не се пресретнуваат. Затоа не гледам дека има смисла во спроведувањето на нова борба во 2015 година. Тука има многу нијанси, вклучувајќи го патот кој треба да го помине Поветкин, за да биде во подобра кондиција отколку на претходниот меч со Кличко. Има и други нијанси кои засега се против“, коментира Рјабински.

Во 2013 година двајцата боксери се сретнаа, а мечот заврши со победа на Кличко на поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО