Пориер повторно славеше против Конор кој си ја скрши ногата (ВИДЕО)

Викендов е богат со бројни спортски настани кои ќе се вратат во јавноста и во изминатите неколку денови.

Синоќа спортската програма ја обележаа натпреварот од финалето во Копа Америка помеѓу Бразил и Аргентина, како и дуелот од УФЦ 264 помеѓу Конор Мекгрегор и Дастин Порие.

Средбата во октагонот требаше да донесе многу жар и борба, и тоа беше случај на почетокот, но истата мораше да биде прекината уште по првата рунда по ужасната повреда која ја здоби Конор Мек Грегор.

Ирскиот борец сам успеа да се повреди така што при едно враќање наназад заработи скршеница на зглобот, по што лекарскиот тим мораше да ја прекине борбата.

До тој момент Порие за кого ова е втора победа против Конор во исто толку средби беше нешто подобар противник во октагонот.

На крајот Мекгрегор со носила беше изнесен од салата, а Порие ја прослави новата победа која го зацврсти на врвот во УФЦ категоријата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО