Амедовски не настапти на УФЦ 264, во неговиот тим имаше заразен со Ковид-19

Синоќешното отворање на УФЦ 264 требаше да почне со дуелот меѓу македонскиот борец Ален Амедовски и Кинезот Ху Јаозонг во Невада, но тој меч беше откажан поради Ковид-19.

Мечот Јаозонг и Амедовски е тргнат во последен момент, затоа што во тимот на Ален имало заразен со Ковид-19. Од безбедносни причини организаторите ја откажаа борбата, па настанот продолжи со 12 други борби.

Македонецот се надеваше на прва победа во октагонот по двете претходни борби, но проблемите со коронавирусот ги смени плановите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО