Мек Грегор си ја скрши ногата, Пориер победник во трилогијата, Барнс со 20-та победа (ВИДЕО)

Дастин Пориер (28-6, 1 НЦ) е победник во трилогијата против Конор Мек Грегор (22-6). Ирската ѕвезда ја скрши левата нога на крајот од првата рунда, а мечот беше прекинат. Американецот на тој начин стигна до голема победа во главната борба на УФЦ 264 што се одржа во распродадената Т-Мобиле арена во Лас Вегас пред повеќе од 20 000 гледачи.

Мек Грегор веднаш започна агресивно и се обиде да го скрши отпорот на Пориер со неколку лоу кикови. На средина на рундата Американецот со неколку удари го погоди Ирецот и успеа да го собори.

Голема акција беше видена во борбата на партер, каде и двајцата си разменија удари. Конор се обиде со задушување да дојде до прекин, но Дастин успешно се одбрани.

Пориер беше во доминантна позиција и со лактите го погоди Мек Грегор. На крајот од рундата Мек Грегор се обиде да стане, а потоа левата нога на Конор се најде во неприродна положба и веднаш можеше да се насети дека нема да биде добро.

Беше грдо да се види, а прогнозата беше точна – излезе левиот глужд на Ирецот.

Ова е втора победа по ред на Пориер против Мек Грегор и тој ќе добие шанса да се бори за титулата во лесна категорија против Чарлс Оливеира.

Дијамантот сега води против Конор со 2-1, откако го победи со нокаут во втрата пресметка во јануари.

Во конасловната борба Жилберт Барнс (20-5) со едногласна одлука на судиите го победи жилавиот Стивен Томпсон (16-5-1) и го отстрани од борбата за појасот во велтер категорија.

Бразилецот успеа да го сруши Томпсон во половината на првата рунда, но не ја искористи предноста. И во втората Барнс го собори Томпсон, но Американецот беше главно поактивен. Потоа Стивен се обиде да ја заврши борбата со прекин, но Барнс се бранеше.

Бразилскиот борец повторно го сруши Американецот во средината на третата рунда и мирно ја доведе борбата до крај. Жилберт Барнс се врати со 20-та победа во кариерата откако загуби од шампионот во полусредна категорија Камару Усман. После мечот тој именуваше неколку борци, а на неговиот список се најдоа Хорхе Масвидал, Леон Едвардс и Нејт Дијаз.

Таи Туиваса (12-3) во тешкашката пресметка го победи Грег Харди (7-4, 1 НЦ) со прекин за 65 секунди. Австралиецот го собори поранешниот американски фудбалер со едно лево кроше, а борбата ја заврши со неколку удари во партер. Тоа беше трета победа во низа за Туиваса.


Мексиканката Ирене Алдана (13-6) ја совлада Русинката Јана Куницкаја (14-5, 1 НЦ) со прекин пред крајот на првата рунда. Требаше тоа да виде борба во бантам категорија, но Ајрин не го помина мерењето. Мексиканскиот борец имаше два килограми повеќе и мораше да отстапи 30 проценти од хонорарот во корист на противничката.

Ајрин ја пресретна Русинката со лево кроше, а потоа ја заврши борбата со жестоки удари. Тоа беше нејзина трета победа во последните пет борби, а дојде по поразот од Холи Холм.

Главната програма се отвори со борба во бантам категорија во која Шон О’Мели (13-1) го совлада Крис Мутињо (9-5) со прекин близу крајот на третата рунда. Сите очекуваа дека О’Мели лесно ќе се пресмета со дебитантот, но противникот покажа цврстина и не се предаде дури и откако прими околу 200 удари.

На половина минута пред крајот на мечот судијата ја прекина борбата, бидејќи лицето на Крис беше непрепознатливо. Ова беше втора победа по ред за Шон О’Мели по единствениот пораз во кариерата минатиот август со прекин од Марлон Вера.

Резултати, УФЦ 264:
Дастин Пориер – Конор Мек Грегор – ТКО (прекин на лекар), Р1
Барнс – Стивен Томпсон – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Таи Туиваса – Грег Харди – ТКО (удари), Р1
Ирине Алдана – Јана Куницкаја – ТКО (удари), Р1 (4:35)
Шон О’Мели – Крис Мутињо – ТКО (егото на Херб Дин), Р3 (4:33)

Воведни борби:
Макс Грифин – Карлос Кондит – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Мишел Переира – Нико Прајс – едногласна одлука (29–28, 29–28, 29–28)
Илија Топурија – Рајан Хол – КО (удари), Р1 (4:47)
Дрикус ду Плесис – Тревин Жилес – КО (удари), Р2 (1:41)
Џенифер Маја – Џесика Ај – едногласна одлука (29–28, 29–28, 30–27)
Бред Таварес – Омари Ахмедов – поделена одлука (28–29, 29–28, 29–28)
Жалгас Жумагулов – Џером Ривера – завршница (давење со гилотина), Р1 (2:02)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО