Мек Грегор бесен што мораше да го предаде мечот по тешката повреда: Не е готово!

Ирската ММА ѕвезда Конор Мек Грегор тешко го прифати поразот против Дастин Пориер откако ја скрши ногата на крајот од првата рунда на УФЦ 264 на настанот во Лас Вегас.

Дијамантот верува дека Конор ја повредил ногата порано, а потоа само се скршила.

„Блокирав еден од неговите удари, а потоа нешто пукна, не на крајот“, рече Дастин Пориер и додаде:

„Тој рече дека ќе ме убие. Не е тоа начин на кој се зборува со луѓето, нека се однесува така со семејството кога ќе се врати дома. Како и да е, почувствував дека борбата оди во моја насока, ме погоди со добро кроше, но се бореше валкано. Тој е вистински гад. А вие што ми свиркате, може да ми го бакнете задникот. Судбината не е к ** ка, таа е огледало. Го победив“.

Конор Мек Грегор седеше беспомошно потпрен на оградата.

„Не е завршено! Ако биде потребно, ќе се бориме уште еднаш. Се гледаме во клубот“, испали Ирецот и се обиде да го испровоцира Дастин:

„Не блокираше ниту еден мој удар. Твојата сопруга ми праќа пораки, бејби“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО