Хабиб му прати брутална порака на Конор кој мораше да ја предаде борбата поради кршење на ногата

Навивачите на Конор Мек Грегор беа шокирани кога дознаа дека нивната ѕвезда е тешко повредена на самиот крај од првата рунда на трилогијата против Дастин Пориер.

Ирецот ја скрши ногата во главната борба на УФЦ 264 во Лас Вегас и мораше да му се предаде на Дајмонд. За американскиот борец тоа беше трета победа во низа и втора против Мек Грегор.

Откако разменија неколку „ниски удари/ лоу кикови“ на стартот, на половина од рундата борбата се префрли на партер каде Пориер беше многу поактивен и добро го натепа Мек Грегор.

Американецот изгледаше добро во тој период, а многумина се убедени дека, доколку борбата продолжеше, тој ќе стигнеше до нова победа.

Многу борци оставија пораки на социјалните мрежи по мечот, особено најавата на поранешниот шампион во лесна категорија Хабиб Нурмагомедов.

„Доброто секогаш го победува злото. Многу сум среќен за Пориер, се надевам дека ќе го освои појасот до крајот на годината“, изјави непоразениот Дагестанец кој се повлече од спортот минатата година.

Хабиб уште еднаш боцна на вистински начин, како што направи со вчерашниот пост што можете да го видите ТУКА.

Дагестанецот е во САД каде учествува во подготовките на Ислам Махачев за главната борба на УФЦ Фајт најт против Тијаго Моис што ќе се одржи следниот викенд.

Социјалните мрежи се преплавени со пораки:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО