Пориер и Пакијао ќе градат 32 куќи за бездомници во Уганда

Поранешниот шампион на УФЦ, Дастин Пориер и легендата на боксот, Мани Пакијао, ги здружуваат силите во заедничката кауза. Двајцата ќе издвојат по 50.000 долари за изградба на 32 домови за бездомници во Уганда.

„Дијамантот“ вели дека првично сакал да помогне во родниот град, а сега тоа ќе го стори во Уганда, што е остварување на сонот за него. Пакијао исто така е возбуден и рече дека отсекогаш сакал да допре до повеќе сиромашни луѓе од различни земји.

Пориер ќе се врати во кафезот на почетокот на јули во Лас Вегас. Тој ќе има трета борба со Конор Мек Грегор и ќе инкасира уште една голема плата. Дастин сè уште ја чека донацијата од 500.000 американски долари што ја вети Мек Грегор во 2020 година, но сè уште не е исполнета.

Пакијао, пак, не се борел веќе две години. Последен пат го совлада Кит Турман во 2019 година и ја освои титулата на ВБА во полусредна категорија. Се шпекулира дека во јуни Пакијао ќе се бори со Теренс Крафорд.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО