Конор Мек Грегор: Пориер е лесна работа на УФЦ 264

Конор Мек Грегор смета дека Дастин Порие е лесна работа. Тие на УФЦ 264 на 10 јули во Лас Вегас ќе имаат трилогија. Нивната борба е главна на УФЦ 264 и ќе се одржи пред полна сала.

Билетите се распродадени за многу кратко време и навивачите едвај ја чекаат оваа трета битка. 32-годишниот Ирец ја загуби втората средба со Пориер во Абу Даби. На почетокот на годината Пориер успеа да го нокаутира и така сега имаат по една победа со нокаут.

„Озлогласениот“ победи во една од последните три борби во УФЦ. Третата битка ќе го одреди правецот на неговата кариера во ММА. Не е јасно што ќе се случи во кафезот, но Мек Грегор верува дека ќе се соочи со лесна битка во која ќе руши рекорди:

„Лесна работа на 10 јули. Полна сала. Повторно ќе има двојни рекорди. Најмногу продадени билети и ППГ во градот на гревот“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО