Поништена и новата борба на Габи Гарсија (ВИДЕО)

Габи Гарсија одработи две борби овој месец, а и двете беа поништени поради нејзина вина.

Прво на почетокот на месецот нејзината борба по шутбоксинг правилата со Мегуми Јабушита е поништена поради недозволениот фудбалски удар, иако Бразилската требаше да биде дисквалификувана дисквалификувана.

БЏЏ ѕвездата се врати во рингот на настанот на Ризин за својата петта ММА борба.

Но, борбата помеѓу Гарсија и поранешната боксерка Оксана Галоева траеше само 16 секунди. Во првата измена Гарсија случајно со прстот ја погоди противничката во око и а оваа не можеше да го продолжи своето ММА деби.

https://youtu.be/CGPHO8d-Lus

Во Саитама супер арена одржани се и првите борби за Гран прито на Ризин во бантам категорија.

Во главната борба на вечерта поранешен предизвикувач за титулата на УФЦ во мува категорија Кјоџи Хоригучи за 89 секунди го нокаутира 39-годишниот ветеран Хидео Токоро.

Такафуми Оцука со поделена одлука елиминираше уште еден поранешен УФЦ борец, Ентони Бирчак, додека непоразениот Германец Калид Таша го нокаутира Кеита Ишибаши.

https://youtu.be/2EC6DwJEGT0

Во другите мечеви во тешка категорија Амир Аликбари (7-1) за една минута и 39 секунди го нокаутира Американецот Тајлер Кинг (12-6), додека Швеѓанецот Карл Албректсон (6-1) со давење со рачен триаголник во првата рунда го совлада Литванецот Теодорас Аукштуолис (10 -5).

Кјоџи Хоригучи – Хидео Токоро (КО, Р1)
Амир Алиакбари – Тајлер Кинг (ТКО, Р1)
Габи Гарсија – Оксана Галоева (поништена)
Реина Миура – Сена Дрохн (едногласна одлука на судиите)
Јусуке Јачи – Сатору Китаока (ТКО, Р2)
Мију Јамамото – Касие Роб (едногласна одлука на судиите)
Такафуми Оцука – Ентони Бирчак (поделена одлука на судиите)
Калид Таша – Кеита Ишибаши (КО, Р1)
Шинџу Нозава-Ауклер – Шина Бранденбург (сабмишн, армбар, Р1)
Карл Албректсон – Теодорас Аукштуолис (сабмишн, рачно давење, Р1)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО