Вајт потврди дека борбата Биспинг – Сент Пјер повторно е во игра

Со повредата на Роберт Витакер повторно стана актуелна борбата на Мајкл Биспинг и Жорж Сент Пјер, а тоа го потврди и Дана Вајт откако беше прашан за таа тема.

Откако Тајрон Вудли ја одбрани титулата против Демијан Маја, беше интересно да се дознае дали Жорж Сент Пјер ќе биде неговиот следен противник или се подготвува некоја друга опција во велтер категорија на УФЦ. Односно, некои новинарите сакаа да знаат каква е ситуацијата со легендарниот Канаѓанец, а Вајт даде одговор на тоа како и што очекуваа некои.

„Бродот се сврте и се врати назад. Ќе ја работиме борбата Биспинг и Сент Пјер“, рече Вајт, а на прашањето за здравствената состојба на шампион во средна категорија рече:„Биспинг ќе се бори, може да бидете сигурни во тоа“.

Во тој случај ќе го чека Роберт Витакер, кој како привремен шампион има право да го нападне вистинскиот појас, штом тој ќе биде подготвен за тоа. Што се однесува до ситуацијата во велтер категорија, сега се отвора ситуација за реванш на Вудли против Роби Лоулер, кој вчера го совлада Доналд Кероне. Иако, се очекува дека Вудли ќе продолжи да го бара Ник Дијаз, за кого е прашање дали некогаш повеќе ќе се бори.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО