Погледнете ги најинтересните моменти од последниот настан на Глори (ВИДЕО)

Неодамнешното шоу на Глори во Арнхајм повторно понуди многу возбудувања и многу атрактивни борби. Настанот наречен Глори Колишн 4 беше предводен од трилогијата меѓу Алистер Оверем и Бадр Хари.

Во неговиот камбек во кикбоксот Демолишн мен го победи Мароканецот со едногласна одлука и сега води со 2-1 во нивните меѓусебни борби.

Хари беше подобар во првите две рунди, но Оверем имаше предност во последната.

Во третата рунда двапати го собори Бадр, што беше доволно за триумф во камбек мечот.

Посебно интересен беше натпреварот меѓу Сергеј Маслобоев и Тарик Хбабез за шампион во полутешка категорија.

По пет фантастични рунди Литванецот со поделена одлука го совлада Хбабез.

Глори на својот канал на Јутјуб објави видео во кое ги прикажува најинтересните моменти од борбите од последниот настан:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО