Почина легендарниот боксер Марјан Бенеш

Еден од најголемите боксери на поранешна Југославија и на Европа на сите времиња, Југословенот Марјан Бенеш, почина денеска во Бања Лука во 67-та година од својот живот. Бенеш последните месеци ги мина во дом за стари и изнемоштени, а долг период наназад и во најголема сиромаштија.

Југословенскиот Роки Балбоа (лик од легендарниот филмски серијал со Силвестер Сталоне) е роден во 1951 година во Белград, детството го минува во Тузла, а кариерата ја почнува на 16 години во Боксерскиот клуб Славија од Бања Лука.

Во текот на кариерата, Бенеш четири пати беше шампион на Југославија, а потоа и европски првак и во аматерски и во професионален бокс. Во 1973 година, беше прогласен за најдобар спортист на Југославија, за потоа да се разболе од жолтица, што беше само почеток на неговите здравствени проблеми, кои го следеа низ животот.

Во легендите влезе со победата над Французинот Жилберт Коен во преполната сала „Борик“ во Бања Лука во 1979 година, со што стана европски професионален шампион. Во професионалните води има скор 32-6-1, 21 КО.

Марјан има 299 борби – 272 победи, 16 порази и 11 нерешени дуели, а четири пати беше европски аматерски првак.

Од рингот се повлече во 1983 година, откако загуби око и 26 пати ги кршеше дланките, за потоа да преживее вистински пекол за време на војната во БиХ во 90-ите години, кога беше протеран од Бања Лука.

https://youtu.be/orGpnUP3DyY

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО