Таеквондо репрезентативците ја брусеа формата на силен камп со светски шампиони (ФОТО)

Македонските таеквондисти од 30 август до 2 септември летово учествуваа и на трет камп во Соко Бања, Србија, под водство на светскиот шампион и и вицешампионот Месут Хаџизахарех и Хади Мостаан од Иран.

На кампот учествуваа вкупно 100 таеквондисти од регионот, а македонскиот национален тим настапи со скоро сите наши најдобри сениори и неколку младинци.

„Овој камп беше високо професионален со оглед на тоа дека беше воден од борци од суперсветската сила во овој спорт – Иран, но и големиот квалитет на добри борци од регионот“, велат од Македонската таеквондо федерација (МТФ), додавајќи дека првиот тест за македонскиот национален тим е Балканското првенство кое ќе се одржи од 14 до 16 септември во Букурешт, Романија, а од МТФ очекува рекорден број на медали.

На кампот македонските таеквондисти беа предводени од страна на претседателот и селектор на МТФ, Борче Костовски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО