Кикбоксерска пресметка Србија – Македонија во Сурдулица

На кик бокс настанот „Србија против Светот“ во Сурдулица ќе настапат петмина наши кикбосери.

На денешното мерење ќе се појават Петре Велков, Митко Ашкилов, Златко Стоименов, Дејан Ристевски и Бобан Илиоски.

Мерењето понува во 17 часот, а борбите се утре од 20 часот на плоштадот во Сурдулица.

К-1:
Воведни борби
-73 кг Урош Живковиќ – Петре Велков
-79 кг Стефан Пауновиќ – Митко Ашкилов

Главни борби
-71 кг Новак Радуловиќ – Златко Стоименов
-75 кг Никола Тодоровиќ – Дејан Ристевски
-81 кг Александар Менковиќ – Бобан Илиоски

Како што известуваат од нашиот табор, на Новак Радуловиќ му откажал противникот од Русија, па затоа на негово место влегува Златко Стоименов. Во Сурдулица требаше да се бори и нашиот најдобар мај тај борец Глигор Стојанов кој настапува во Тајланд и светот, но поради повреда на раката, односно фрактура која ја заработил на тренинзите, па затоа морал да ја откаже борбата.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО