Мејведер Постариот: Ми се чини дека Флојд и Мек Грегор повторно ќе се борат

Таткото на Флојд Мејведер, Флојд Потариот, рече оти мисли дека Флојд и Конор Мек Грегор повторно ќе се борат.

Помладиот Мејведер минатото лето се вртаи по двогодишна пауза за да се боксира против ѕвездата на УФЦ. Натпреварот не донесе премногу возбуда, а поранешниот светски шампион во пет тежински категории го нокаутира Ирецот во 10. рунда. Но, борбата донесе голема заработувачка и Постариот вели дека постои интерес за повторна средба.

„Мене ми звучи како тој и Конор Мек Грегор пак ќе се борат“, рече тој во интервју со Хелен Ји.

„Така ми звучи. Не сум сигурен,но така ми звучи. Се чини дека мојот син пак ќе се бори. Конор сака повторно да се бори. Иако навистина не сака да се бори, ќе се бори само да и покаже на луѓето што може, а тоа е ништо“.

„Овој пат ќе се погрижам дека да го патосира и повеќе да не се враќа“.

По боксерскиот меч во август минатата година се шпекулираше дека втората борба може да се одржи во кафезот според правилата на ММА. Постариот вели дека ако дојде до нова борба повторно ќе се боксираат.

„Се разговара за тоа и звучи како да владее голем интерес“.

Неодамна помладиот Флојд му понуди на Мек Грегор својата сала за подготовки за мечот со Хабиб Нурмагомедов, но ирецот ја отфрли понудата со пцовки.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО