Фабио Пинца почнува ММА кариера

Познатиот мај тај борец Фабио Пинца почнува ММА кариера.

34-годишниот Французин ќе дебитира на 6 октомври на ОНЕ шампионатот во Бангкок.

Противник ќе му биде уште една бивша ѕвезда на тајландскиот бокс Саџетдао Петпајатаи.

31-годишниот Тајландец дебитираше во ММА во март минатата година и има 3 победи со нокаут и пораз со одлука на судиите. Сите борби се за ОНЕ.

Станува збор за поранешниот шампион на стадионите Лумпини и Раџадамнерн, како и поранешен шампион на ВБЦ и ВМПФ.

Пинца го победи Саенчаи во Милано во 2012 година, а славеше и против Судсакорн, Бови Сор Удомсон, Сингмане Каусамрит, Малаипет и Андреј Кулебин, Мозаб Амрани, Тајфуна Озчан. Минатата година во велтер категорија ја освои титулата на стадионот Раџадамнерн. За ОНЕ дебитираше во април и загуби од Нонг-О по правилата на тајландскиот бокс.

https://youtu.be/freLcUwuz_8

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО