Кикбоксерите подготвени за двобојот со Србија во Сурдулица (ФОТО)

Македонските кикбоксери беа точни на мерењето за денешниот настан „Србија против Светот“ во Сурдулица.

Ви пренесуваме дел од атмосферата на мерењето, соочувањето и прес-конференцијата на нашите кикбоксери Петре Велков, Митко Ашкилов, Златко Стоименов, Дејан Ристевски и Бобан Илиоски.

Борбите почниуваат во 20 часот на плоштадот во Сурдулица.

К-1:
Воведни борби
-73 кг Урош Живковиќ – Петре Велков
-79 кг Стефан Пауновиќ – Митко Ашкилов

Главни борби
-71 кг Новак Радуловиќ – Златко Стоименов
-75 кг Никола Тодоровиќ – Дејан Ристевски
-81 кг Александар Менковиќ – Бобан Илиоски

Златко Стоименов, роден 1988, 71 кг, аматерски борби  40-50 – над  35 победи, 7 профи борби – 4 изгубено и 3 победи.

Дејан Ристевски, – 75 кг, 8 пати државен првак, 2 пати  3-то место на Балканско првенство, над 60 борби и 5 профи.

Бобан Илиоски – ВАКО Гранд при Босна и Херцеговина – 1 место сениори К-1 2018 година, Балкан опен Б и Х – Тешањ – 1 место К-1 сениори, ВАКО Балкананско првенство 2018 во Сарајево 1 место, државен првак 2018 во К-1, Аанталија – Турција 2016 – 1 место лоу кик -75 кг, Босна и Херцеговина Опен Бихаќ 2015 – лоу кик -71 кга 1 место, ВАКО Светско првенство во Италија 2014 – 3 то место, Европско првенство 2015 во Шпанија 2-ро место.

Мите Ашкилов – државен првак,  2 пати 2-ро место и еднаш трет, 3-ти на Европско мај тај во Краков – Полска – 4 борби 4 победи во националната лига на Бугарија.

Петре Велков Петре е роден  1997 во Струмица, член на КБК Тим Зоран. Со кик бокс се занимава повеќе од 15 години и е повеќекратен првак на Македонија во дисциплината лоу кик. Тој е член на македонската репрезентсција. Велков е учесник на повеќе меѓународни турнири, европски и светски  првенства како член на репрезентацијата на Македонија. Петре  Велков  е учесник и на ММА турнири со повеќе победи, а славел и со ву – шу репрезентацијата на три меѓунардни превенства во санда борби во Република Србија.

Петре Велков се натпреваруваше  и на Европскиот куп  во Осло, Норвешка, каде што со три борби го освои првото место во санда. Тој е стаандарден член на кик бокс репрезентацијата и пет години по ред е првак  на Македонија во кик бокс.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО