Таки Џиков е носител на наградата „8 Септември“ за животно дело, а Ристо Таков и Сашко Арсовски за посебни остварувања

Агенцијата за млади и спорт (АМС) денеска ги објави носителите на државните награди во спортот за денот на независноста 8 Септември, кои ќе бидат доделени в сабота во 10.30 часот во Собранието на Република Македонија.

Носител на годинешната награда за животно дело е Таки Џиков (одбојка) за петтото и седмото место на младинските европски шампионати во 1975 и 1977, бронза на ЕП во 1979 во Париз, шестото место на Олимписките игри во 1980 во Москва, како и прво место на Медитеранските игри во Сплит во 1979, но и за големиот број на остварувања на клупски и екипен план.

Награди за посебни остварувања ќе добијат и четворица други – Ристо Таков (борење), како тренер на Шабан Сејди за третото место на ЛОИ во Сиднеј, на ЛОИ во 1984 во Лос Анџелес, како и за настап на голем број светски, европски и балкански шампионати, па Сашко Арсковски (карате) како селектор и тренер на Емил Павлов, кој го освои златото на ЕП во Нови Сад годинава, европско злато во Темпере во 2014 и за три злата на балканското првенство и бронзата на светско првенство во 2010 со Жарко Арсовски.

Владимир Радиќ, долгогодишен ракометен тренер и селектор на Македонската женска репрезентација од 1990 до 2004, за седмоти место на Светското ракометно првенство во Германија во 1997 и осмото место на Европско ракометно првенство во Холандија во 1998, како и освојувач на Супер-куп на Европа во 2003, а на клупски план и европска титула Кометал Ѓорче Петров во 2002.

Последен во низата е Стеван Гешовски (кошарка), како тренер на КК Работнички, кој со репрезентација на Југославија на Медитеранските игри освојува сребрен медал во Сплит во 1979. Настапува и на Евровизијада во Мексико, каде повторно освојува сребрен медал, а беше директрор на Кошаркарската репрезентација, која настапуваше на ЕП во Франција во 1999 година.

„Доделувањето на наградите „8 Септември“ се одржува седма година по ред и ги вреднува постигнувањата на спортистите и спортските работници во Македонија. И оваа година се доделуваат 4 награди за врвни спортски остварувања и една награда за животно дело од областа на спортот“, рече директорот на АМС, Дарко Каевски.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО