Питбулот го заспа Санчез во првата рунда

Патрицио Фреир-Питбул (32-4-0) по втор пат го совлада Емануел Санчез (20-5-0) во октагонот. Тие се соочија во главниот меч на Белатор 255 за титулата во перо категорија. Настанот се одржа во Конектикат, САД.

За разлика од нивната прва средба на Белатор 209 пред година ипол, која понуди голем спектакл и победа со едногласна одлука за Питбулот, овој пат битката траеше една рунда. По крајно претпазливиот старт на двајцата, Патрицио го стресе противникот со првото лево кроше, а потоа му направи гилотина. Задушувачкиот стисок буквално го заспа Санчез, а судијата немаше друг избор освен да го заврши мечот.

Ова е шеста последователна победа за бразилскиот борец во „Белатор“ и нова одбрана на титулата во перо категорија. Фреир ќе влезе во финалето на ГП на Белатор без пораз (17-0).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО