Конор Мек Грегор ја прифати борбата против Дастин Пориер

Конечно е потврден спектаклот меѓу Дастин Пориер и Конор Мек Грегор. Нивниот трет меч ќе го предводи настанот УФЦ 264 што ќе се одржи на 10 јули. По потписот на Дијамантот, истото го стори и Озлогласениот, а во својот пост на Инстаграм напиша:

„Борбата е договорена, на 10 јули ќе видите кој и што всушност е Мек. Прилагоди се и ебе..о уништи го“!

Така е договорена нивната трилогија. Пориер го победи Мек Грегор со нокаут во втората рунда на 24 јануари на УФЦ 257. Тоа беше прв пораз на Конор со нокаут.

Дијамантот и возврати на ирската ѕвезда за поразот во септември 2014 година и со таа победа го доби најголемиот хонорар во УФЦ – еден милион долари.

Американскиот ММА борец не заработи толку многу на претходните три натпревари против Хукер (150.000 американски долари), Хабиб (250.000 долари) и Холовеј (250.000 долари), а дел од неговата заработка од ППГ тисто така е запишана на неговата сметка.

Пориер веројатно ќе оствари убав профит од оваа борба против Мек Грегор, па ја пропушти можноста да се бори за титулата во лесна категорија по заминувањето на Хабиб Нурмагомедов.

И покрај тоа што беше прв предизвикувач, Дијамантот им ја препушти борбата за титулата на Чарлс Оливеира и Мајкл Чендлер.

Борбата за титулата ќе го предводи УФЦ 262 што ќе се одржи на 15 мај пред полните трибини на Тојота центар хол во Хјустон.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО