Пет борачи ќе ја претставуваат Македонија на Светското првенство во САД!

Boracite vo MOK pred EI

На Светското првенство во Лас Вегас, САД, од 7 до 13 септември македонската репрезентација ќе ја претсатвуваат петтмина борачи: Јасим Реџелари до 61 кг, Дејан Митров 66, Халил Зубаиров 86 и во тешка категорија Бобан Данов и во грчко-римски стил Тимур Хамикоев, ова беше соопштено на денешната прес-конфернција на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ).

 За Дејан Богданов ќе се бара виза од престедателот на Обединетото светско борење (ОБС/UWW), Ненад Лаловиќ, рече престедателот на ФБСМ, Чедо Николовски.

Како што е познато, на СП во Лас Вегас ќе се обезбедуваат визи за Олимписките игри во рио 2016 година, но како што извести ОБС категориите до 61 кг и 70 кг во слободен стил не се дел од ОИ, како и 71 и 80 кг во грчко-римски стил. Поради ова Јасин Реџелари е хендикипиран, бидејќи настапува во категоријата до 61 кг.

„Реџелари постигна најдобар резултат и тој ќе оди на СП, а подоцна може брка норма за Олимпијадата во Рио на другите турнири“, одговори претседателот на ФБСМ, Чедо Николовски, на новинарско прашање во врска со неолимписките категории.

Од друга страна, се прават напори репрезентацијата 10 дена порано да отиде во САД, ако не подготовките до крај ќе се изведат во Бугарија.

 На Европското првенство за кадети во Суботица, Србија, од 4 до 9 август, сигурен патник е Елмиден Сејфулау, носител на две бронзи од претходите шампионати, а за останатите кандидати, се ќе зависи се од одбезбедување на финансиските средства.

 ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО