Николовски изневерен од Пешко, но без конкретни одговори по одредени прашања!

Cedo Nikolovski

„Неговиот избор беше непријатен за нас, зашто ја одбра српската репрезентација, а Македонскиот олимписки комитет (МОК) му го плати патувањето во Баку на Европските игри“, рече претседателот на Федерацијата за боречки спортови на Македонија (ФБСМ), Чедо Николовски, на денешната прес-конференција, на која најголемо внимание предизвика суспензијата на селекторот во грчко-римски стил, Љубиша Пешко.

Тој како вовед истакна: „Суспензијата уследи откако  од организаторот на Европските игри во Баку, Македонскиот олимписки комитет (МОК) бил известен дека Љубичша Пешко бил акредитиран во два наврати, како македонски и српски селектор. Откако на Пешко му беше предочено дека тоа е најстрого казниво и забрането, тој самиот се изјасни дека ќе ја задржи српската акредитација, иако МОК беше оној кој ги сносеше комплетните трошоци за неговиот престој во Баку“.

И покрај тоа, се договориле тој да биде со борачите и да ги подготвува за натпревари. Од друга страна, Николовски негираше дека не се платени трошоците на борачите, но на прашањето кога беа исплатени средствата за ЕП У-23 во Полска, пред или по Првенството, претседателот на ФБСМ одговори недефинирано:„Навреме“.

Тој наведе дека им платиле четири дена, но тие останале осум дена, а ние не сме биле толку богати за да плаќаме четири дена повеќе од предвиденото, па и за Заур Ефендиев, кој, сепак, бил од корист на нашата репрезентација поради кавлитетното спарингување. Од Полска до Македонија билетите ги платил МОК.

UO ba FBSM

Како што рече Николовски, тој инсистирал вардаровите репрезентативци да одат на подготовки во Бугарија, но Пешко рекол дека е подобро тоа да го направат во Русија. Резултатите покажале дека тие не се подготвиле добро.

Николовски не смета дека ја утнале процедурата во суспензијата на Пешко, иако се уште чекаат да се изјасни Дисциплинската комисја. Но,од повеќе боречки работници, а и од БК Вардар беше истакнато дека се погрешило во процедуралното постапување.

„Тој не e казнет, што не значи дека нема да се случи тоа, но сето тоа е во рацете на Дисциплинската комисија“, нагласи претседателот на ФБСМ.

На прашањето дали се чувствуваат изиграно, по сето она што се случуваше во Баку, Николовски со одговор: „На некој начин сме изиграни. Најверојатно тој ја одбра српската репрезентација, односно Ефендиев, поради тоа што сметал дека со него ќе постигне поголем успех“.

Сепак, за многу прашања претседателот на ФБСМ не беше конкретен, како за тоа дали има извештај за настапот на ЕИ во Баку, при што исткана дека нема и дека не знае; потоа дека не чувствуваат вина дека дел од комуникацијата во Федерцаијата не оди како во одбро организираните федерации; дали репрезентацијата има спонзори, но наведе дека најголем финасиер е МОК; дали селекторот е избран на конкурси-именуван од УО; дали осудувано лица може да биде селектор, рече не, иако тој го предложил Шабан Трсетна за селектор (демократијата во Македонија познава други форми-случај Амди Бајрам-н.з.).

ipon.mk/В. Донев

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО