Пешко: Ако имав поддршка ќе освоевме три медали, гарантирам олимписки норми…!

Pesko i Zubairov

Љубиша Пешко, шефот на стручниот штаб на БК Вардар, за страницата на БК Вардар жали што Тимур Хамикоев не успеал на Европското првенство за младинци до 23 години во Полска не успеал да ги покаже своите вонсериски квалитети и способности, по поразот во осминафиналето од Качидзе од Грузија.

Многу е тешко во грчко-римски стил на нашиот континент (Европа) да освоите било какво одликување. Ќе седнеме на состанок со нашите соработници: Гајдар Гајдаров, Нено Јовановиќ, Страшо Глигоров, Младен Кечман, Хамиди Адили и ќе направиме детална анализа на нашите подготовки и резултати. Јас многу сум задоволен од презентацијата на нашите борачи, без оглед за која земја настапуваат. Секогаш по завршените битки се јавуваат генерали и критичари, научници и специјалци. Во последните 2-3 години, показатели докажуваат дека нашите спортисти се во подем и во нагорна фаза на развивање. Беше прашање на момент кога ќе не израдуваат со висок пласман. Имаме добра, млада, генерација на борачи кои можат да учествуваат на уште 2 до 3 олимписки циклуси. Работевме на освојување на највисоките одликувања во двата стила. Но, кога се осврнуваме само на поединци, тогаш веројатноста е многу помала. Истото ни се случи и со Хамикоев, претендиравме на златото, но еден пораз и се беше изгубено. Сепак, мислам дека нашите вардарци уште многу пати ќе ја израдуват македонската јавност со успеси од меѓународната сцена, вели Пешко за Вардарфанс.мк.

Timur hamikoev na ep

 Покрај анлизата на борбите и успехот, Пешко се осврнува и на немањето поддршка за работа со борачите и лошиот третман на борењето во Македонија:

Доколку последниве две години имавме барем некаква поддршка од надлежните за спортот во Македонија, јас гарантирав најмалку три медали од ова Европско првенство. Се ближат Европските игри и Светското првенство на кое сите посакуваат освојување на олимписка норма, тоа можам лесно да го остварам, доколку се работи и дејствува на оној начин што го предлагам јас, со континуирана работа, план и програма, мој стручен тим, соодеветен медицински персонал, суплемнтација, логистика…., -оценува  Пешко

Тој им се заблагодарува за стручната помош на: Хамди Адили- Франција, Сажид Сажидов, Страшо Глигоров, Могамед Ибрафимов, Хасан Бислими, Младен Кецман, Михаил Гаразович Мамиашвили-Претседател на Руската боречка федерација, Анатолиј Маргиев – ЦСКА Москва, Гајдар Гајдаров и неуморниот педагог и стратег Нено Јовановиќ, како и на логистичарите Ацо Рангелов и Аце Поцев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО