Кутур: Сега е моментот да се направи сојуз на борците!

randy-couture

Некој борци poдолго време сметаат дека е потребно да се создаде „сојуз (синдикат) на борците“, но досега никој не се заземал сериозно за неговото создавање. Неодамна шест поранешни натпреварувачи на УФЦ поднесоа тужба против организацијата.

 Поранешниот шампион, Ренди Кутур, смета дека е поправилно, наместо судски постапки, да се направи сојуз на борците и дека вистинскиот момент е сега.

 „Ако има погоден момент, тоа најверојатно е сега. Борците треба да се обединат и да формираат сојуз, кој ќе се бори за зголемување на минималните примања, здравствените осигурувања и сите други нешта за кои сојузите се борат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО