Патиките на „Роки“ продадени за 149.000 долари, а Сталоне собра три милиони (ВИДЕО)

Stalone patiki aukcija

Силвестер Сталоне продаде патики на аукција кои ги носеше како легендарниот Роки во истоимениот филм за позавидна сума од 149.000 долари.

Наддавањето се одржа во Лос Анџелес. Патиките за трчање добија највисока сума на надавањето, на кој беа распродадени и други сувенири од филмската кариера на Сталоне. Вкупните приход од аукцијата е 3 милиони долари.

Во моментов во американските кина оди најновиот филм од серијалот Роки – „Creed“ (Вера). Во него Сталоне ја игра улогата на пензиониран боксер, кој станува тренер на синот на стариот ривал Аполо Крид.

Оценката на гледачите е многу висока. IMDB дава просечна оценка од 8,3, што е едно од најсилните достигнувања за годинава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО