Дејвид Хеј: Никогаш не сум го видел Владимир толку уплашен

Klico so Fjuri se plasi i brani

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Дејвид Хеј, изјави дека никогаш порано не го видел Владимир Кличко да изгледа толку исплашено како по поразот од Тајсон Фјури пред еден месец.

„Бев изненаден, бидејќи цврсто верував дека Владимир ќе победиј. Тајсон Фјури дефинитивно не е најталентираниот боксер. Владимир не беше надвладан. Тоа беше чудно. Изгледаше дека Кличко се плаши. Има речиси 40 годни и зад себе има безброј натпревари и подготовки. Можно е срцето да сака, но телото не може. Или Кличко може да победи, ако физички силен и ги користи клинчовите. Сега разбирам зошто тој никогаш не се сретна со Николај Валуев“.

Хеј се има сретнато со Кличко. Тој беше убедливо поразен на поени во 2011 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО