Паоло Коста сака да го донира мозокот, за да се утврди штетата од борбата во октагонот

Паоло Коста, борецот на УФЦ, е подготвен да го донира мозокот како би помогнал во истражувања. Бразилецот изјави дека по смртта сака да го донира мозокот како би се направиле истражувања околу штетите кои ги предизвикува борбата во октагонот.

„Мозокот е направен од клетки кои не се регенерираат. Како стареем бројот на клетките се намалува, поради што ние ги губиме рефлексите, зборуваме поспоро и го губиме помнењето. По смртта ќе го донирам мозокот како би можело да се анализира колку се оштетува мозокот во текот на борбите“, изјави Коста.

28-годишникот веќе подолг период е дел од УФЦ, а во август минатата година беше прогласен и за најдобар борец во месецот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО