Флојд Мејведер е шворц, прокоцкал се

Американскиот боксер Флојд Мејведер заедно со Мајкл Џордан и Тајгер Вудс се единствените спортисти кои во кариерата имаат заработено преку милијарда долари. Но, конторверзниот боксер секогаш сака да се фали во јавноста со своите пари и нема ден во кој не покажува дел од своето богатство, накит и останати луксузни работи.

Меѓутоа константно во јавноста се појавуваат информации дека Мејведер е пред банкрот и заради тоа овој 42 – годишен боксер сака да одработи уште неколку борби од кои ќе заработи инеколку милиони долари.

Неговите настапи се богато платени, се борјат во стотина милиони долари, а последниве месец дена беше во преговорисо шефот на УФЦ Дана Вајт за организација на меч против Хабиб Нурмагомедов или пак реванш со Конор Мек Грегор.

Ова повторно покрена бројни сомневања дека  на Флојд под итно му се потребни пари со цел да ги покрие своите лоши вложувања, а наводно славниот боксер има и голем проблем со коцкањето.

Поранешниот ММА борец, Чаел Сонен, неодамна откри дека Мејведер банкротирал

-Флојд Мејведер е шворц. Заработи многу во минатото, но не е важно колку си заработил, туку колку си сочувал. А тој е многу глупав, јасен беше Сонен.

Дека Мејведер е во длабоки коцкарски долгови неодаман кажа и ирскиот УФЦ борец Конор Мекгрегор.

-Мора да се спаси од коцкањето. Премногу е во тоа. Зборува како ќе се спаси од тоа, но повторно го прави истото. Знам дека има проблеми и се обложува на се живо, исткана Мекгрегор.

Сепак, Мејведер константно тврди дека тој се уште има многу пари на сметката, а неговото богатство неодамна наводно е проценето на 600 милиони долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО