Гејџи: Сакам Хабиб да се обиде да ме убие во борбата

Џастин Гејџи на 9 мај ќе се обиде да стигне до привремената титула на УФЦ во лесна категорија.

Гејџи за противцник го има фантастичниот Тони Фергусон, а победникот најверојатно ќе се бори против Хабиб Нурмагомедов за обединување на титулите.

Тој е убеден дека ќе го победи Фергусон, а потоа го сака Хабиб. Многумина веруваат дека само Тони може да му се закани на шампионот.

„Кога ќе го стават појасот околу мене, тоанема да го сметам за моја крајна цел. Тоа ќе биде патоказ до врвот. Убаво е да имам појас, но тоа не значи дека сум шампион. Кога ќе го победам Тони, ќе се борам против Хабиб. Сакам да бидам најдобар во светот, а кога ќе дојде до таа борба, сакам тој да се обиде да ме убие, во спротивно нема да го почитувам“, изјави Гејџи за ЕСПН.

УФЦ го закажа настанот за 9 мај.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО