Пакијао: Се уште го имам инстиктот на убиец!

Mani instikt ub

Мани Пакијао одговори на критиките дека е боксер кон крајот на кариерата и изјави дека „уште има инстинкт на убиец“, за да се бори со Американецот Флојд Мејведер на 2 мај во Лас Вегас.

„Јас сум многу мотивиран“, одговори Мани Пакијао на прес-конференција на прашање на новинар, кој го запраша дали неговата политичка кариера на Филипините не ставила крај на неговите спортски амбиции.

„Мојата мотивација и решителност се тука, јас се уште го имам инстинктот на убиец, јас го сакам ова, јас го обожувам ова“, рече Пакијао, кој е пратеник во филипинскиот парламент.

Пакијао, 36 години, ќе се обиде да му го нанесе првиот пораз во 48 -от натпревар на Американецот Флојд Мејведер, во најочекуваниот меч во историјата на боксот, на кого во игра се три светски титули во полусредна категорија.

Пакијао на професионалниот ринг има 57 победи, 5 порази и 2 нерешени борби. Тој ќе добие околу 80 милиони американски долари од натпреварот со Флојд Мејведер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО