Пакијао сака да се врати во рингот за титулата на ВБЦ

Поранешниот светски шампион во осум категории, Мани Пакијао (45) планира да се бори со Американецот Марио Бариос оваа есен за титулата на ВБЦ во полусредна категорија, пренесува ЕСПН.

Пакијао се пензионираше откако ја загуби титулата во полусредна категорија во 2021 година од Јорданис Угас, но постојано изразуваше желба да се врати во рингот.

„Напишав историја победувајќи го Кит Турман на 40 години, а на 45 се чувствувам како да ми остана уште многу сила во боксот. Сакам да пишувам историја“, изјави Пакјиао, цитиран од ЕСПН.

Филипинскиот боксер ја освои првата светска титула во 1998 година на 19 години, а му ја одзеде тиутлата на Кит Турман во 2019 година. На почетокот на оваа година, Пакијао се обиде да добие специјална дозвола од МОК за да се натпреварува на Олимпијадата во Париз како дел од филипинскиот боксерски тим, но беше одбиен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО