Пакијао: Лесно ќе го совладам Мејведер!

manny-pacquiao-trenirovka

Филипинецот Мани Пакијао ја продолжува војната на зборови со Флојд Мејведер. Се очекува двајцата наскоро да потпишат договор за борба меѓу себе, а тоа е најочекуваниот бокс натпревар во историјата. Филипинецот не губи време и го напаѓа својот американски колега на сите фронтови.

„Ако навистина ти е гајле за навивачите, ќе излезеш да се бориш. Ако ти е гајле само за себе … нема да го направиш тоа. Со леснотија можам да го победам Флојд Мејведер. Верувам во тоа“.

„Секој ме сметаше за аутсајдер при дуелот со Оскар де ла Хоја. Но ако Мејведер се бори со мене, во историјата на боксот ќе запишам уште една шокантна победа“, напиша Пакијао во социјалните мрежи.

Најверојатно средбата меѓу двајцата боксери ќе се одржи на 2 мај во Лас Вегас.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО