Home Blog Page 2775

Тренерот на Мек Грегор: Не знам во која категорија ќе се бори (ВИДЕО)

Konor i kavala

Тренерот на ММА ѕвездата, Конор Мек Грегор, Џон Кавала, се уште не е свесен во која категорија неговиот пулен ќе ја продолжи кариерата.

Во последниот меч Ирецот напарви деби во полусредна категорија и го забележа првиот пораз од 2010 година на наваму. Пред тоа тој беше шампион на УФЦ во перо категорија.

Огромен интерес за средба со него има поранешниот противник на Мек Грегор – Хозе Алдо, кој на 9 јули ќе се бори со Френки Едгар.

„Нема краток одговор на ова прашање. Се надевам Алдо дека е закрепнат по нокаутот од Конор. Ајде да го видиме мечот со Едгар и тогаш ќе процениме дали ќе имаме реванш“, вели Кавала.

Фјури: Ќе бидам среќен и дури да ме нокаутира Кличко за 10 секунди

Klicko Fjuri se merkaat

Светскиот шампион во тешка категорија на ВБА, ВБО и ИБО, Тајсон Фјури, вели дека ќе биде среќен дури не биде нокаутиран за 10 секунди од Владимир Кличко.

„Има ли значење кој ќе победи и кој ќе загуби? Подеднакво ќе ни платат. За мене не е важно кој ќе биде победник. Освен тоа, веќе го направив невозможното, откако го победив Кличко. Дури и сега да ме нокаутира за 10 секунди, пак ќе бидам среќен“.

Реваншот меѓу Кличко и Фјури е на 9 јули во Манчестер, Велика Британија. Во нивната прва битка во ноември Фјури победи со судиска одлука.

УФЦ е блиску до продажба за повеќе од 4 милијарди долари

dana white i lorenzo fertitta hew burney

УФЦ добил две понуди во износ од околу 4,1 милијарди американски долари.

Двата понудувачи се американскиот ВМЕ-ИМГ (WМЕ-IMG) заедно со кинескиот конгломерат Далиан Ванда група и Кина медиум капитал.

ЕСПН објави дека се работи за целосно преземање.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, неодамна ги негираше написите за продажба на најголемата ММА организација во светот.

Мнозински сопственици на УФЦ се сопствениците на коцкарници, милијардерите Лоренцо и Френк Ферита. Вајт и Флеш ентертејмн (подружница на Владата на Абу Даби) имаат малцински удел.

Федор-Кевин Рендлеман (ВИДЕО)

fedor randleman

УФЦ на својот Јутјуб канал објави уште една борба на Федор.

Објавен е мечот на Русинот против Кевин Рнадлеман.

На Прајд критичкал кантдаун 2004 се одржа еден од најпознатите моменти во историјата на ММА.

Кевин Радлеман почина во февруари оваа година на 44-годишна возраст.

https://youtu.be/wULK3lFpB3g

Федор со 106 кг за мечот со Малдонадо (ВИДЕО)

fedor maldonado merenje

Во Санкт Петербург се одржа мерењето за Евроазија фајт најт 50.

Во главната борба на вечерта Федор Емилијаненко се среќава со Фабио Малдонадо. Русинот (39 г.) на вагата имаше 105,95 килограми, додека Бразилецот беше 104,8.

Матеј Трухан се бори со Акмет Алиев, Виталиј Минаков против Петар Греам, Кирил Сиделников против Рубен Волф и Вадим Немков против Миколај Розански.

https://youtu.be/UB6OADxY33U

Кикбоксер распука полицаец во судница (ВИДЕО)

Miljan-Djurasinovik

Кикбоксер распука полицаец во судницата во Палататана правдата.

Имено, Милјан Џурашиновиќ наречен Тасманикски ѓавол, го претепа полицаецот кој беше сведок во процесот кој се води против него поради насилие во семејството.

Полицаецот се здобил со повреди на главата и префрлен е на Ургентниот центар.

Џирашиновиќ на судењето дошол од Централниот затвор, а за време на инцидентот во судницата го навредувал судијата и обвинителот.

На крајот реагирало обезбедување па кик боксерот бил врзан а потоа и вратен во затвор.

 

Наташа и Моника како што не сте ги виделе до сега! (ФОТО)

Stefanovski sestri skrateni

Сестрите Стефановски, Наташа и Моника, во издание како што не сте ги виделе до сега.

Овој пат не освоија карате титула, ама публиката ДА.

Еве зошто!

Stefanovski sestri vo izdanie

Не само што се добри каратиски, туку и се вистински убавици.

Ipon.mk/В.Д.

ММА: „Крал Марко опен“ ќе го крева Прилеп на нозе во недела (ФОТО)

Plakat kral marko open 19.6

Во недела во Прилеп ќе се одржи вториот натпревар годинава во мешани боречки вештини (ММА) „Крал Марко опен“.

plakat kral marko open Stefan pecevski

На турнирот ќе учествуваат 10 клубови од Македонија и два од Србија (Белград и Краљево), така што натпреварот добива и интернационален карактер. На програмата се 12 ММА борби, поделени во два дела: воведни и главни борби. Во првиот дел ќе настапат натпреварувачи помлади од 18 години и без искуство, додека во главниот дел се борбите со поисксуните борци.

Plakat Kral Marko open so natprevaruvaci

kral marko natprevaruvaci plakat

Од нашата земја ќе учествуваат клубови од Прилеп, Битола, Охрид, Кичево, Гостивар, Скопје, Куманово и Штип .

„Натпреварот има за цел собирање на искуство кај борците, тренерите и судиите. Дружење меѓу спортистите и промовирање на ММА спортот во Прилеп и Македонија .На почеток на турнирот ќе има три граплинг борби и 2-3 ревијални на млади членови кои за прв пат ќе имаат можност да го почустуваат адреналинот во салата. Ревијалните борби немаат натпреварувачки карактер. Од нашиот центар ќе учествуваат тројца учесници во граплинг и четворица натпреварувачи во ММА борбите. Имаме добра организација за натпреварот, исполнети се сите услови за одржување на еден ваков аматерски натпревар. Очекуваме добри и интересни борби, добро дружење помеѓу клубовите и спортистите“, вели Пеце Ангелески од ММА клубот Максам од Прилеп, кој се јавува како организатор на турнирот.

kral marko natprevaruvaci 2

Ipon.mk/В.Д.

Адонис Стивенсон: Со годините станувам се подобар

Adonis Stivenson na kolena

Светскиот шампион во бокс во полутешка категорија на ВБЦ, 38-годишниот Адонис Стивенсон, ќе ја брани титулата против 27-годишниот Томас Вилијамс.

Иако е во напредна возраст за шампион, Адонис сака да докаже дека не ги загубил вештините.

 „Ќе бидам многу среќен да излезам на рингот против Вилијамс. Уште еднаш ќе докажам дека сум како виното. Со текот на годините станувам се подобар. Не сум се борел 10 месеци, но не застанав со тренинзите во салата и сум подготвен да ја бранам титулата“.

Борбата ќе се одржи на 29 јули во Квебек, Канада.

Поветкин за сега го задржа статусот задолжителен предизвикувач, Вајлдер тужи

alexander-povetkin kharitonov-victor sokolov

Александар Поветкин ја задржа позицијата на задолжителен предизвикувач за ВБЦ титулата во тешка категорија. Барем за сега.

Светската боксерски совет на последната ранг листа одлучи да го задржи Поветкин на број 1, барем до завршувањето на внатрешна истрага до крајот на месецот.

Дионтеј Вајлдер требаше да се бори со Поветкин на 21 мај во Москва, но олимпискиот шампион на допинг тестот беше позитивен на мелдониум, што го принуди ВБЦ да ја одложи борбата. Поветкин на17 мај го тестираше ВАДА (Доброволната анти-допинг агенција), а наодот беше чист. Исто така, три пати беше негативен во тестовите кои му претходеа на позитивниот.

„ВБЦ и понатаму е во фаза на истрага и ниту една страна нема врска со тој процес. Дионтеј Вајлдер продолжува да зборува едно, а Александар Поветкин друго. Се во врска со статусот на борбата и категоријата ќе биде дефинитивно познато за неколку дена, по завршувањето на истрагата. Се уште се проверуваме некои работи“, рече претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејмен.

Вајлдер во меѓувреме доби дозвола за уште една доброволна одбрана и на 16 јули се среќава со Крис Ареола.

Во меѓувреме, Вајлдер и промоторот Ди Бела Ентертејнмент ги тужат промоторот Андреј Рајбински и Александар Поветкин на судот во Њујорк за прекршување на договорот и бараат најмалку 5 милиони долари отштета поради откажувањето на борбата.

IPON