Home Blog Page 2776

Поветкин за сега го задржа статусот задолжителен предизвикувач, Вајлдер тужи

alexander-povetkin kharitonov-victor sokolov

Александар Поветкин ја задржа позицијата на задолжителен предизвикувач за ВБЦ титулата во тешка категорија. Барем за сега.

Светската боксерски совет на последната ранг листа одлучи да го задржи Поветкин на број 1, барем до завршувањето на внатрешна истрага до крајот на месецот.

Дионтеј Вајлдер требаше да се бори со Поветкин на 21 мај во Москва, но олимпискиот шампион на допинг тестот беше позитивен на мелдониум, што го принуди ВБЦ да ја одложи борбата. Поветкин на17 мај го тестираше ВАДА (Доброволната анти-допинг агенција), а наодот беше чист. Исто така, три пати беше негативен во тестовите кои му претходеа на позитивниот.

„ВБЦ и понатаму е во фаза на истрага и ниту една страна нема врска со тој процес. Дионтеј Вајлдер продолжува да зборува едно, а Александар Поветкин друго. Се во врска со статусот на борбата и категоријата ќе биде дефинитивно познато за неколку дена, по завршувањето на истрагата. Се уште се проверуваме некои работи“, рече претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејмен.

Вајлдер во меѓувреме доби дозвола за уште една доброволна одбрана и на 16 јули се среќава со Крис Ареола.

Во меѓувреме, Вајлдер и промоторот Ди Бела Ентертејнмент ги тужат промоторот Андреј Рајбински и Александар Поветкин на судот во Њујорк за прекршување на договорот и бараат најмалку 5 милиони долари отштета поради откажувањето на борбата.

Пречекот на светскиот првак Дејан Златичанин во Подгорица (ВИДЕО)

dejan zlaticanin vo podgorica

Црна Гора го пречека својот светски шампион во бокс.

Стотици луѓе се собраа на аеродромот во Подгорица да го поздрават Дејан Златичанин кој ја освои ослободената светска титула во лесна категорија на ВБЦ федерацијата.

„Динамитот“ во третата рунда од борбата во Верона во државата Њујорк, САД, го нокутираше Боливиецот Френклин Мамани.

Руските хулигани имале посебни тренинзи Еуро 2016 (ВИДЕО)

Ruski huligani

Денес ви донесуваме доза од Русија, и тоа преку видео кое покажува како за Европското фудбалско првенство се подготвуваше група момчиња кои веќе со денови сеат страв на француските улици.

Руските хулигани, кои досега најмногу се судираа со Англичаните, односно онаа внимателно избрана група, дојде на првенството со една единствена цел, а тоа е да учествува во што поголем број на тепачки, како што изјавија некои од нив, да се претстават како водечка хул сцена во светот.

Како доказ за тоа е снимката која ги покажува „подготвителната“ масовна тепачка, меѓу две групи на млади луѓе, кои тоа го направиле на една ливада. Дури има некои коментари дека овде е направен изборот околу тоа кој ќе добие шанса да ја претставува Русија на Европското првенство.

Во одередени кругови се шири приказанта дека меѓу нив има ММА борци, како што пренесуваат западноевропските медиуми.

https://youtu.be/oyrxT4DfNpY

Стефан Спасовски: Едноставно, роден да изгубам – живеам да победам (ФОТО/ВИДЕО)

Stefan Spasovski udar

На 6 години ме запишаа на карате, гледав филмови ми беше интересно, но не се пронајдов во тој спорт, ја зпочнува својата приказна за светот на боречките спортови Сетфан Спасовски од Куманово, кој раскажува дека бил слабо дете, но и палаво, па тепано од поголемите деца во училиштето. Се запишува да тренира кик бокс,а во тоа време во Куманово имало добри кикбоксерски клубови, а потоа следуваат мај тај, бокс, ММА…

Stefan Spaosvski udar so noga

„Се чуствував несигурен и исплашен. Сите тие години на тренирање ме направија тоа што сум денес. Сум западнал многу пати со секакви луѓе, но тренингот секогаш ми даваше чист пат во животот. И ден-денес инаетот од рингот ме води во животот“, вели Спасовски.

Но неговата животна приказана продолжува во Австралија, каде што е сега, затоа што мислел дека ќе има шанси да тренира и да успее.

„Но, уште на почетокот сфатив дека тука треба да преживеам. И, така почна борбата со животот на друг континент. Пробав во неколку сали, но се ми делуваше смешно и глупо. Нивниот принцип на работа е многу различен од кај нас. Се е бизнис. А борците и луѓето кои тренираат го прават тоа за да бидат слушнати и видени, не затоа што сакаат да се борат“, истакнува Стефан.

Stefan Spasovski vo ring kose

Тој вели дека во животот имал неколку тренери, но само еден човек можел да појасни некои работи за борбата, што на никој друг не му поѓало од рака, а тоа е нашиот најдобар ММА борец, Гоце Цандовски.

„Пред секоја борба, и да не беше со мене, прво зборував со него што и како…не сакав да слушам други! Исто така многу ми помогна и Оливер Петровски, при што пред борбата во Бугарија со искусниот Сотир Кичуков (13-3) се спремав со Оливер. Изгубив 9 кг за 3 дена и паднав во несвест. Но, утре дента, некако се изборив. Првата рунда го добив и бев близу до нокаут, но во втората Бугаринот ја покажа неговата подобра страна и ме порази со арм триангл.

Се борев и во Грција на Закинтос, каде што бев повикан со намера на менаџерот да изгубам. Прво не ми беше дадено да излезам со знамето, а бидејќи немав тренер во аголот, па застана Борче Ивановски, бивш кик бокс репрезентативец. Ме дисфалификуваа затоа што во борбата на шега му реков на Гркот сагапо, по што го сменив од доминантна позиција во критична за него“, раскажува Спасовски, додавајќи дека Гркот се борел на ФФЦ и бил некаков супер стар на островот, при што ветил реванш, но потоа не сакал да го прифати.

Stefan Spasovski so kik boks

Во Србија се борел со еден Босанец кој имал скор 4-1, а бил повисок и потежок, но тоа не му пречело. Гоце рекол дека го прифаќаат предизвикот

„Во таа борба сфатив дека не може ништо да ти се случи ако имаш добар тренер како Гоце. Го слушав секој негов збор од аголот. Го претепав во 3 рунди и борбата заврши со 2-1 за него, што е невозможно, а мечот го има на Јутјуб. Но, можеби имам антипатична фаца или соседите не сакаат да губат од некое Македонче кое е дојдено да изгуби, но, сепак, не губи“, потенцира Спасовски.

Stefan Spasovski vo ring so luge

Во Македонија има 2 ММА борби и 2 победи. Првата ја завршува со ТКО во втората рунда, а во втората во Охрид го победува со 3-0 Ненад Ристевски, кој бил државен првак во џиу џицу. Имам борби за кик бокс репрезентацијата. Се борел два пати во Босна и Херцеговина.

„Бев на подготовки за европско првенство, ама последните денови си најдоа друг на моја килажа. Некој кикбоксер што никогаш го немав видено, не знам како се викаше,а мислам дека беше Албанец. Инвестирав во ММА клуб. Секаде собирав знаење. Одев во Балканец за борење, бокс во Куманово и во Пинк Пантер во Штип. Тренирав со Далибор Огнанов – Дрма. Сакав да ги тргнам децата од улица и да им помогнам да се изградат како личности. Ги тренирав секој ден. Беа добри, ме слушаа. Сакав да направам нешто корисно, но Куманово е град каде што попрво би оделе кај некој што збореле во градот за него, отколку кај некого што си ја знае работата. Не можев да издржам да ја плаќам салата од свои пари. Пробав да ја дадам со цела опрема за да тренираат луѓето. Не сакав пари, само сакав да имаме сала. Но изгледа луѓето сакаат да тренираат на -10 степени во мочки и шајки во рингот. Поминав 10 години во салата за бокс во Куманово и сакав нешто подобро. Изградив, но градот нејќеше да ја сочува“, емотивно вели Спасовски.

Stefan Spasovski so Kicukov Bugarija

Понатаму не знае што ќе се случува. Долго време паузира со борбите, но се надева дека веќе е крај на одморот и дека за брзо време ќе стопи 10 кг и ќе закаже борба.

„Доколку во иднина се борам Балканскиот полуостров и во Европа, подготовките би ги правел со Гоце Цандовски и би се борел под клубот „Св.Јован Крстител“. Доста добри моменти поминав со Саше Самојловски. Патувања, борби. Човек со најголемо срце и со добра душа. И следната борба ќе ја направам во негова чест, каде и да биде борбата“, констатира Спасовски со должна почит кон починатиот Саше кој беше голем фан и ММА борец.

https://youtu.be/a9EcG1em1Xg

Спасовски највува заминување во Дубаи во ОАМ, каде што сака да си ја проба среќата во посилна конкуренција. Но, се уште не е познато за кого би настапувал и со кого би се борел, однонсо кој би застанл зад него. Го презема ризикот да успее.

„Не сакам да прашувам никој и не очекувам помош од никого, затоа што не сакам да трпам разочарувања. Не ни сакам да тренирам во некои посебни услови. Се што ми треба е добар тренер, пред кого ќе ги покажам моите квалитети и ќе се борам за добра кариера. Затоа што започнав лошо, како и се што не ми оди. Знам дека сум добар, го правам ова цел живот, но, едноставно, роден да изгубам – живеам да победам. Нема да се откажам додека не ги исполнам моите цели. Ако не ги исполнам, тогаш сум го завршил животот порано“, категоричен е Спасовски.

Ipon.mk/В.Д.

Напредува зделката за продажба на УФЦ

Dana Vajt se cesa

Минатиот месец се засилија гласините за можна продажба на УФЦ, а покрај напорите на Дана Вајт да докаже дека компанијата не е за продажба, новинарите продолжуваат да тврдат дека процесот напредува.

Репортерот Ариел Хлевани на социјалната мрежа Твитер напиша дека преговорите всушност продолжуваат, иако деталите од нив се уште не се јасни. Еве што напиша Хелвани на социјалната мрежа:

„Продажбата на УФЦ дефинитивно напредува. За сега, условите се нејасни, но денес добив многу информации од сигурни извори. Сепак, ништо не е готово сто проценти“.

Успешно завршен проект на Самурај: Обуки и зајакнување на самодовербата преку уметноста на боречките вештини за лицата со попреченост (ФОТО)

Gordana i Toni so Avstralija i lica

Успешно завршен проект на тренерите и поранешни репрезентативци на Македонија во кик бокс- Тони Бошевски и Гордана Цветковска Бошевска за обуки и зајакнување на самодовербата преку уметноста на боречките вештини. Карате и кик бокс клубот Самурај од Битола, покрај имплементација на проектот имаше и директна улога во одржувањето на обуки и тренинзи кај овие лица за јакнење на самодовербата.

Gordana so devojki

Оваа програма е од развојната политика на Австралија за промовирање на просперитетот, намалување на сиромаштијата и подобрување на стабилноста.

Програмата за директна помош поддржува исто така грасрут проекти кои имаат директен импакт врз општественото живеење со примарен фокус на заштита на човековите права, слободата на изразување , еманципација на жените и девојките, ранливите групи како и проекти за спорт и култура.

Gordana lice v lice so nekogo

„Проектот кој траеше два и пол месеци беше наменет за ранливите групи на граѓани вклучувајќи ги и лицата со попреченост и истиот опфаќаше повеќе бесплатни обуки и часови од англиски јазик, компјутери, CV и канцелариско работење како и обуки за зајакнување на самодовербата преку уметноста на боречките вештини“, вели Гордана Цветковска Бошевска, при што додаде дека и покрај успешно завршениот проект Самурај и тренерите им стојат на располагање на сите овие лица да продолжат со бесплатните обуки.

Gordana so prviot sekretar

Финалето на проектот беше синоќа со завршната конференција од проектот „Lootus new beginning/ today for tomorrow во организација на Самурај клуб од Битола, поддржан од   Амбасадата на Австралија во Белград

Ipon.mk/В.Д. 

 

Поранешната жена на Шејн Мосли му собра 300.000 долари

Sejn mosli i Dzin-zena mu

Поранешната сопруга на бокс легендата Шејн Мосли (САД), Џин, побарува 300.000 долари од него по судски пат.

Еден од најдобрите техничари во босот во последните 20 години должи 180.000 долари за детска помош која не ја плаќал во периодот декември 2014 ноември 2015 година. Тој ќе треба да доплати уште 85.000 за својот дел од семејните даноци на фамилијата. Мосли е должен да ги плати адвокатските трошоци на Џин во висина од 50.000 долари.

Пред неколку дена ветеранот го загуби својот последен меч од Давид Аванесјан во елиминацискат борба за светската титула.

Џудистаката на која и даваа шанса да преживее 1 процент, се врати во Шкотска

Stefani Inglis face

Стефани Инглиш се врати во својата татковината Шкотска.

Во почетокот на мај 27-годишната џудистка сериозно настрада во инцидент со мотоцикл-такси во Виетнам, во кој здолништето и се заплетка во гумите. Таа падна во кома од која се разбуди пред неколку дена. На Инглиш која е носител на сребрен медал од Игрите на Комонвелтот во Глазгов во 2014 година, лекарите и даваа шанси од само 1 процент да преживее по инцидентот, но нејзината состојба оттогаш значително се подобри.

Шкотланѓанката била транспортирана од Бангкок за Единбург вчера. За време на патувањето медицинскиот тим направил паузи во Индија, Грузија и Австрија.

Веднаш по инцидентот на Фејсбук беше отворена страница за Инглиш (SaveSteph), на која се собираа пари за лекувањето нејзина. Досега за младата спортистка луѓе од целиот свет успеале да соберат повеќе од 300.000 фунти.

Кик бокс првенството во Неготино со хумана димензија за Илија Таневски

Plakat DP kik boks negotino 2016

Трикратниот светски првак во кик бокс, Димитар Ѓоргиев, со голема благородна идеја со неговиот клуб Гладијатор и Кик боксинг федерацијата на Македонија. Шампионите се шампиони со дело во секоја сфера на животот, а Димитар Државното првенство во кик бокс на 18 и 19 јуни му го посвети на младото момче Илија Таневски, кој во моментов е на лекување во Германија, но за се да се заврши како што треба му се потребни средства.

Plakat DP kik boks negotino 2016

„Момчето е од Неготино и е моја генерација. За почеток му требаа 50.000 евра, за да може да ја почне терапијата. До сега има една успешна операција. Нормално, уште му фалат средства“, вели светскиот шампион.

Ѓоргиев наведува дека до сега не се одржало Државно првенство во два дена.

„Покрај тоа што се нафативме да го организираме Првенството во два дена, сакавме да има и некоја цел, нормално, целата организација да има некоја поголема цел“, истакнува Ѓоргиев.

Тој очекувада се појават околу 150 борци на шампионатот во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција. Организацијата добро и оди. Од друга страна, во Неготино веќе неколку пати се организирани хуманитарни настанаи за Илија Таневски.

„Добивме огромна поддршка од целиот град и пошироко, со тоа што некој од подржувачите и спонзорите не се од Неготино, но сакаат да уцествуваат во оваа манифестација“, нагласува Димитар.

Dimitar na piedestal na SP BG

Како светски првак, кој е од Неготино, во иднина сака секоја година, доколку може, да се случува по некој кикбокс настан.

Во сабота настапуваат сениорите, а во недела јуниорите и кадетите. Првенството започнува во 13 часот, а ќе го отвори шоуменот Игор Џамбазов.

Ipon.mk/В.Д.

Каратистите на Вардар ја воодушевија публиката на „Ноќта на боречките вештини“ (ФОТО)

Vardar Novi pazar 2016 tabla 2

Вардаровите каратисти ја маѓепсаа публиката на „Ноќта на боречките вештини“ во Нови Пазар-Србија, каде што имаше учесници од Германија, Турција, Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина и Романија.

Vardar site Novi pazar 2016

Шотокан до клубот Вардар го претстауваат репрезентативецот во кати Мартин Ристовски, Сунај Демири и Алмир Османспахиќ, под водство на тренерот назим Куртовиќ.

Ристовски ја изведе катата „гоџо шиху дај“, а потоа сите заедно интерпретирале животински дижења како карате техники. На крајот изработиле самоодбранбени и борбени техники.

Публиката била воодушевена и ги наградила со големи аплаузи, а коментарите биле дека ова ја враќа вербата во каратето како боречка вештина.

Vardar vo Novi pazar 2016 tabla

Наскоро очекуваме и видео материјал, со што ќе ви ја доловиме целата атмосфера и изведбата на нашите каратисти.

На овој спектакл ќе бидат демонстрирани вештини од повеќе боречки спортови.

Ipon.mk/В.Д.

 

IPON