Поветкин за сега го задржа статусот задолжителен предизвикувач, Вајлдер тужи

alexander-povetkin kharitonov-victor sokolov

Александар Поветкин ја задржа позицијата на задолжителен предизвикувач за ВБЦ титулата во тешка категорија. Барем за сега.

Светската боксерски совет на последната ранг листа одлучи да го задржи Поветкин на број 1, барем до завршувањето на внатрешна истрага до крајот на месецот.

Дионтеј Вајлдер требаше да се бори со Поветкин на 21 мај во Москва, но олимпискиот шампион на допинг тестот беше позитивен на мелдониум, што го принуди ВБЦ да ја одложи борбата. Поветкин на17 мај го тестираше ВАДА (Доброволната анти-допинг агенција), а наодот беше чист. Исто така, три пати беше негативен во тестовите кои му претходеа на позитивниот.

„ВБЦ и понатаму е во фаза на истрага и ниту една страна нема врска со тој процес. Дионтеј Вајлдер продолжува да зборува едно, а Александар Поветкин друго. Се во врска со статусот на борбата и категоријата ќе биде дефинитивно познато за неколку дена, по завршувањето на истрагата. Се уште се проверуваме некои работи“, рече претседателот на ВБЦ, Маурицио Сулејмен.

Вајлдер во меѓувреме доби дозвола за уште една доброволна одбрана и на 16 јули се среќава со Крис Ареола.

Во меѓувреме, Вајлдер и промоторот Ди Бела Ентертејнмент ги тужат промоторот Андреј Рајбински и Александар Поветкин на судот во Њујорк за прекршување на договорот и бараат најмалку 5 милиони долари отштета поради откажувањето на борбата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО