Кик бокс првенството во Неготино со хумана димензија за Илија Таневски

Plakat DP kik boks negotino 2016

Трикратниот светски првак во кик бокс, Димитар Ѓоргиев, со голема благородна идеја со неговиот клуб Гладијатор и Кик боксинг федерацијата на Македонија. Шампионите се шампиони со дело во секоја сфера на животот, а Димитар Државното првенство во кик бокс на 18 и 19 јуни му го посвети на младото момче Илија Таневски, кој во моментов е на лекување во Германија, но за се да се заврши како што треба му се потребни средства.

Plakat DP kik boks negotino 2016

„Момчето е од Неготино и е моја генерација. За почеток му требаа 50.000 евра, за да може да ја почне терапијата. До сега има една успешна операција. Нормално, уште му фалат средства“, вели светскиот шампион.

Ѓоргиев наведува дека до сега не се одржало Државно првенство во два дена.

„Покрај тоа што се нафативме да го организираме Првенството во два дена, сакавме да има и некоја цел, нормално, целата организација да има некоја поголема цел“, истакнува Ѓоргиев.

Тој очекувада се појават околу 150 борци на шампионатот во сениорска, јуниорска и кадетска конкуренција. Организацијата добро и оди. Од друга страна, во Неготино веќе неколку пати се организирани хуманитарни настанаи за Илија Таневски.

„Добивме огромна поддршка од целиот град и пошироко, со тоа што некој од подржувачите и спонзорите не се од Неготино, но сакаат да уцествуваат во оваа манифестација“, нагласува Димитар.

Dimitar na piedestal na SP BG

Како светски првак, кој е од Неготино, во иднина сака секоја година, доколку може, да се случува по некој кикбокс настан.

Во сабота настапуваат сениорите, а во недела јуниорите и кадетите. Првенството започнува во 13 часот, а ќе го отвори шоуменот Игор Џамбазов.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО