УФЦ е блиску до продажба за повеќе од 4 милијарди долари

dana white i lorenzo fertitta hew burney

УФЦ добил две понуди во износ од околу 4,1 милијарди американски долари.

Двата понудувачи се американскиот ВМЕ-ИМГ (WМЕ-IMG) заедно со кинескиот конгломерат Далиан Ванда група и Кина медиум капитал.

ЕСПН објави дека се работи за целосно преземање.

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, неодамна ги негираше написите за продажба на најголемата ММА организација во светот.

Мнозински сопственици на УФЦ се сопствениците на коцкарници, милијардерите Лоренцо и Френк Ферита. Вајт и Флеш ентертејмн (подружница на Владата на Абу Даби) имаат малцински удел.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО