Осум медали за ХВА ранг ИТФ во Прњвор, трет настап и трето злато за Елена Јанеска

Hvaa rang vo Prnjvor 2016

Таеквондистите на ХВА ранг итф од Лескоец- Охрид освоија 8 медали на Меѓународниот турнир во Прњвор-Босна и Херцеговина, 1 златен, 2 сребрен и 5 бронзени медали. hva rang prnjvor elena janeska

Елена Јанеска , на која и е ова трет натпревар, пак се искачи највисоко на пиедесталот, покажувајќи дека е доминатна во својата категорија спаринг за девојчиња -40 кг до 10 години. Додека  нејзиниот брат Антонио Јанески , според тренерот Марјанчо Лазаревски, во финале е оштетена од старна на судиите и поради тоа го освоила второто место во категоријата – 45 кг во спарининг за деца 10-14 години.

На турнирот учествуваа 34 клубови од 11 земји (Македонија, Босна, Србија, Бугарија, Грција, Хрватска, Унгарија, Словенија, Австрија, Албанија и Романија).

 Миле Климоски за малку не ја потврдил својата доминација во форми  -5-6 куп, во финале згрешил еден елемент кој го чинел првото место.

„Исто така одлично се претставија браќата Марио Крстески и Давид Крстески , кои се бореа во категорија спаринг деца -30 кг, во огромна коокуренција стигнаа до полуфинале и беа двајцата оштетени од старна на судиите, додека сите очекуваа финале на двајца браќа. Марио крстески истотака беше пофален од многу тренери  и судии поради атрактивноста што ја покажа во првиот круг елиминации,а неговиот брат Давид Крстески беше пофален како многу стабилен и борец со одлична техника“, изјави Лазраевски.

hva rang prnjvor postrojuvanje

Александар Јованоски  кој е кандидат за Светското првеснтво во Италија во почеток на септември, во форми го освои третото место.

„Мораме да напоменеме дека беше оштетен и на тоа реагираа повеќето тренери, сите очекуваа злато, додека во спаринг беше елиминиран во вториот круг од домашниот претставник во негова категорија -63 кг јуниори, иако покажа одлична храброст и атрактивна техника, при што повторно беше оштетен“, вели Лазревски .

Јане Димов освои трето место во форми за 7-8 куп, како и Давид Велковски во форми 5-6 куп во категорија деца 10-14 години.

„Покрај толкав број на натпреварувачи и судиски неправди нашите членови покажаа дека се дел од теквондо елитата на овие простори“, вели тренерот на екипата.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО