Кличко-Фјури II во Австрија?

klicko-fjuri so racete zad gas

Се појави нова дестинација за реваншот меѓу поранешниот шампион на IBF, IBO, WBA и WBO, Владимир Кличко и актуелниот носител на три од појасите, Тајсон Фјури. Според последните информации околу средбата, тој може да се одржи на 4 јуни во Австрија. Најверојатната место за одржување на средбата е 32-илјадиот фудбалски стадион „Хипо арена” во градот Клагенфурт, кој порано го носеше името „Вортерзее“ и е изграден специјално за Евро 2008.

Од таборот на Кличко истакнаа дека преговорите со менаџментот на Фјури продолжуваат, но досега нема никакви конкретни аранжмани меѓу двете страни.

„Точно е дека Австрија е најверојатен домаќин на реваншот. Водиме преговори, но поради доверливи причини не можеме да дадеме повеќе информации во моментов“, изјави Никола Патберг од „Кличко менаџмент груп“ (КМГ) за австриското списание „Kleine Zeitung“.

Претходно „Manchester Evening News“ соопшти за можноста мечот да се одржи на 4 јуни во Манчестер на стадионот „Манчестер арена“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО