Официјален постер за Мејведер – Мек Грегор (ФОТО)

Шоутајм го објави официјалниот постер за борбата Флојд Мејведер – Конор Мек Грегор.

Бокс спектаклот кој треба да г собори сите рекорди на гледаност и заработувачка е на 26 август во Т-Мобиле арена во Лас Вегас.

Станува збор за педесетата борба на непоразената легенда Мејведер Јуниор, и професионалното бокс деби на двократниот шампион на УФЦ и најголема ММА ѕвезда, Мек Грегор. Борбата ќе се одржи во категоријата до 70 килограми, а цената на ППВ преносот е 100 американски долари.

Двоецот веќе ја одработи промотивната турнеја во четири дена посети четири града, а Шоутајм наскоро ќе исфрли документарна серија која ги следи борците во текот на подготовките за „борбата на векот“.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО