Во Умаг 2018-та ќе се обезбедуваат карате визите за МОИ во Аргентина

Светската карате федерација (ВКФ) испрати дополнително објаснување по забуните што настанаа на Светскиот малдински куп во Умаг-Хрватска, пре неколку недели, а во врска со квалификациите за Олимписките игри за млади во Буенос Аирес, Аргентина, идната година.

Па така, од ВКФ нагласуваат дека ќе има по три категории во машка и во женска конкуренција во борби, а катите воопшто нема да бидат застапени на Младинските олимписки игри. Во машка конкуренција се следните категории: -61 кг, – 68 кг и +68 кг; во женска конкуренција се: -53 кг, -59 кг и +59 кг.

Борбите со елиминациски карактер, бронзените медали се освојуваат со полуфиналните борби, односно нема репасаж, а ќе има видео преглед.

Во квалифакациите што ќе се одржат во Умаг 2018 година право на учество имаат каратистите родени меѓу 1 јануари 2001 и 29 јуни 2002 година. Секоја држава има право да пријави само еден натпреварувач во категориија во зададениот рок. На турнирот во Умаг нема да учествуваат двајцата првопласирани на ранг листата на ВКФ за малдиници, тие директно се пласираат на МОИ, додека на квалификацискиот турнир во Хрватска ќе се обезбедат вкупно по четири места за секоја категорија по принципот 2х2. Првиот натпреварувачки ден на 29 јуни (Фаза 1) финалистите обезбедуваат виза за МОИ, а на 30 јуни се борат поразените и пак првите двајца обезбедуваат место на Олимпијадата.

Бројот од осум натпреварувачи во категорија ќе се пополни со по едно место за домаќинот на Игрите и едно место е по повик до Националните олимписки комитети.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО